Олаф Шолц: Постигнавме голем напредок со Бугарија и Северна Македонија

Лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Берлин потпишаа три договори за слободно движење со лични карти, меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и квалификации за регулирани професии, јави БНТ.

Целта е да се стабилизира регионот, обележан со тензии по распадот на Југославија и етничките војни во 1990-тите, преку зголемена интеграција.

Германскиот канцелар Олаф Шолц е домаќин на лидерите на шесте балкански земји и на Европската унија како дел од таканаречениот Берлински процес што го започна неговата претходничка Ангела Меркел.

Оваа недела, германски официјален претставник рече дека Србија мора да избере помеѓу членството во ЕУ и поблиското партнерство со Русија. Канцеларот Шолц во Берлин не ја пропушти темата за билатералните односи.

„Точно е дека мора да се надминат билатералните спорови кои постојат меѓу земјите од Западен Балкан. И затоа е убаво да се водат разговори. Оваа година веќе постигнавме голем напредок во однос на споровите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Претседателот на ЕК ме информираше за резултатите од овие процеси, кои се важни за членството на Албанија и Северна Македонија во ЕУ“, рече Шолц.

На средбата бугарскиот премиер Галаб Донев изјави дека инклузивната регионална соработка во Југоисточна Европа е водечки надворешнополитички приоритет на Бугарија. Донев рече и дека проблемите поврзани со енергетската стабилност може да се надминат, а енергетската транзиција да се постигне само преку зајакната регионална соработка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното