Општина Центар со препорака со јавните и угостителски објекти да ја прилагодат музиката согласно трагичната смрт на Вања

Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9то одделение во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци“ дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното