И вечерва земјотрес во Турција – 4,5 степени според Рихтеровата скала во регионот Хатај. Нема извештаи за повредени или материјална штета, но се појавија снимки од уривање на зграда. Снимката е од безбедносна камера во југоисточната провинција Шанлиурфа.
Зградата од 6 ката мораше да биде урната поради ослабена структура, но просторот околу неа не беше обезбеден.
Кога неочекувано се урна во неделата, случаен минувач остана заробен под урнатините, кој подоцна беше спасен и пренесен во болница.
Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција и северна Сирија во двата разорни земјотреси на 6 февруари.