Покрај граѓанската одговорност, годинава задолжително во соседна Грција е и автомобилското осигурување од елементарни непогоди.
Новото осигурување ќе биде задолжително за сите автомобили со грчки регистарски таблички.
Покривот ќе важи за природни непогоди како што се пожар, поплави, земјотреси и штети поради паѓање на карпи во одрони. Обврската се однесува и на приватни и на службени автомобили, со единствен исклучок се возилата во сопственост на јавниот сектор.
Експертите проценуваат дека за автомобил од средна класа кој чини околу 20.000 евра, поскапувањето на задолжителното осигурување ќе биде во просек околу 15 евра годишно.
Казни засега нема, но ако автомобил не е осигуран од елементарни непогоди, доколку се случи, нема да добие помош од државата, пишува во измена на законот за приватно осигурување од елементарни непогоди.
