Османи: Бугарските културни клубови ќе мора да ги сменат имињата

Бугарските културни клубови ќе мора да ги сменат имињата. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи во етерот на „Ова утро“ на БТВ.

Дипломатот број 1 на Македонија во неделата пристигна во Бугарија поради случајот со претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Христијан Пендиков.

Тој рече дека го посетил Пендиков и му посакал брзо закрепнување. Според него, во РСМ нема систематска дискриминација на Бугарите.

Важно е сторителите да бидат идентификувани, нека заврши истрагата па потоа ќе коментираме. Причината е израз на неговата етничка припадност, со неговите зборови и зборовите на неговата мајка. Истрагата сигурно ќе го потврди тоа, рече Османи.

Тој посочи дека ќе биде назначен специјален обвинител кој ќе го следи говорот на омраза.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното