Османи до Мицкоски: Направи половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, и Албанците ќе ти бидат многу благодарни!

Бујар Османи од ДУИ денеска на своите социјални мрежи упати порака до премиерот Христијан Мицкоски.

Тој му порачува да направи за албанскиот јазик половина од тоа што тој го има направено за македонскиот јазик и дека Албанците ќе му бидат благодарни.

„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота. Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС). За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив. Нека направи Премиерот Мицковски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, вели Османи.

Ваквата реакција следува откако премиерот пред медиумите истакна дека Османи му го продавал идентитетот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното