Османи: Отворањето на бугарскиот клуб е провокација и на штета на бугарската заедница во државава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава.

„Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Отука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на бугарската заедница во државава“, рече денеска министерот Османи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното