Македонија

Османи: Започнат е процесот на идентификација на телата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за медиумите истакна дека започнат е процесот на идентификација на телата на жртвите од страшната сообраќајна несреќа.

„Во тој процес нашите експерти се активни. Побараа помош и се договоривме во делот на забрзување на собирање на билошките материјали, постапка која што МВР веќе се прави во Скопје и очекуваме да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација“, истакна Османи.

Тој вели дека оваа процедура ќе трае 7 дена.

„Тој процес на идентификација врз основа на ДНК материјали ќе трае седум дена и тоа е важно за семејството, државата во одделот на планирањето“, додаде Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни