Салатата од зелка често се подготвува како прилог со месо, особено печено. Лесен е и освежителен, а се попопуларни се рецептите кои освен зелка содржат и неколку сасатојак. Денеска ви носиме еден од најдобрите рецепти за салата од зелка со краставица. Преливот е направен од авокадо и индиски ореви, а вака подготвената салата од зелка е совршена со риба, месо, зеленчук…
Состојки:
1/2 главица зелка
1 краставица
1 китка магдонос
2 чешниња лук
50 гр индиски ореви
1/2 лимон
3 супени лажици маслиново масло
1/2 авокадо
1 лажица мед
прстофат сол
Рецепт за салата од зелка со краставица:
Зелката исечкајте ја на тенки ленти или изрендајте ја, па додадете го сечканиот ориз. Во блендер ставете магдонос, лук, индиски ореви, сок од лимон, маслиново масло, мед и сечкано авокадо. Посолете и убаво измешајте. Треба да добиете мазна смеса. Прелијте ја салатата и убаво измешајте. Можете да послужите веднаш, или пак да го изладите во фрижидер и потоа послужете.