Основното јавно обвинителство го отфрли барањето на првообвинетиот за изземање на обвинителките и шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски. Судот ја соопшти одлуката на почетокот на денешното рочиште, по што продолжи изведувањето на материјални докази.
На претходното рочиште, Обвинителството предложи дополнителни докази, на што одбраната приговори дека се доставени доцна, но судијата ги прифати. Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски, истакна дека доказите се злоупотребуваат и дека нема потреба од посебни анализи за видео снимките, кои биле одземени со наредба на 18.12.2023 година.
Судијата Стефановски одлучи доказите да бидат изведени, а обвинителката побара 15 минути пауза за подготовка на презентацијата на снимките од дворот на Велибор Манев.