Откриена штетна материја во сок од јаболка од Србија, наредено уништување

Хрватските санитарни инспектори откриле штетни микотоксини во безалкохолен пијалок од Србија и веднаш наредиле уништување на овие производи.

Како што е соопштено во средата од Европскиот систем за безбедност на храната (РАСФФ), микотоксинот патулин произведен од некои видови мувла е откриен во сокот од јаболка од Србија. За среќа, се се случило на хрватската граница, па целата пратка била веднаш уништена, пренесува Даница.хр.

Патулин е откриен во примерокот во концентрација од 93 микрограми на килограм јаболка. Ниту најмал удел не е дозволен. Според упатствата на ЕУ, максималниот толерантен дневен внес на патулин во човечкото тело е 0,4 микрограми на килограм храна.

Патулинот е најчест во соковите добиени со пресување на свежи јаболка. Бројни научни студии ја потврдија токсичноста на патулинот за организмите. Симптоми на акутно труење се возбуда, грчеви, отежнато дишење, конгестија на белите дробови.

Тие исто така можат да предизвикаат дигестивни проблеми со улцерации, надуеност и крварење, а при високи дози, промени во функцијата на бубрезите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното