Отворена е стечајна постапка за фабирката „Еуроникел индустри“ откако барања за стечај поднесоа компанија од Прилеп за долг од 10.000 евра.
За стечаен управник е назначен Ацо Петров, кому ова нема да му биде прва стечајна постапка за фабриката, а стечајна судијка е Елизабета Петковска.
За 2022 година фабриката има вкупни побарувања од 5,7 милијарди денари, а обврски во висина од 4,8 милијарди денари.
Вкупно 670 вработени во „Еуроникел“ имаат побарување од 130 милиони денари или 2,1 милион евра за четири неисплатени плати.