Во текот на летото, односно во пожешките денови мора да се внимава што ќе јадеме и со тоа треба да бираме намирници кои го хранат организмот, но и го хидрираат.
Затоа е многу важно да внесуваме вистинска храна за да ги надоместите витамините и минералите во телото.
Во летниот период овошјето и зеленчукот не смеете никако да го запоставите.
Овој периот треба максимално да се искористи благодедот затоа што има навистина многу овошје и зеленчук.
Во текот на летото треба да се држите до намирници кои разладуваат, а тие се:
Од овошје: јагоди, јаболки, крушки, диња, лубеница, праски, кајсии и сливи.
Од зеленчук: брокули, карфиол, краставици, тиквички, пиперки, боранија и пченка.
Исто така портокалово, жолто и црвено овојше придонесуваат за подобра пигментација и воедно поседуваат антиоксидантно делување.