Ова е најздравата ужина на светот: Го штити срцето, ја регулира работата на цревата и топи килограми!

Ужината е многу важна, велат сите нутриционисти. Треба да биде добро избалансирана и изработена од квалитетна храна, со цел да нè засити и да ја изгасне желбата за слатки.

За да не посегнеме по „нездрав“ избор, секој од нас треба да има 3 основни оброци и 2 ужина.

По вкусната ужина телото ќе ни биде благодарно, а воедно и ќе се регулира работата на цревата, ќе се забрза метаболизмот и ќе се намали апетитот.

Потребни состојки:

  • 2 лажици пченични снегулки
  • 1 лажиче мелен лен
  • 1 лажичка семе од сусам
  • 1 лажичка мелени бадеми
  • Малку суво грозје и брусница
  • 1 лажичка мед

Подготовка:

Истурете вода со снегулките и ставете ја на плочата за готвење. Гответе неколку минути додека не добиете каша, а потоа додадете ги сите други состојки и прелијте со малку бадемово или кокосово млеко.

Еве зошто оваа ужина е толку добра:

Јаткастите плодови ја подобруваат работата на срцето, но исто така го зголемуваат нивото на серотонин, кој ни помага подобро да се справиме со депресијата и нервозата. Тие се исто така богати со растителни влакна, бакар, фолати и ангинин.

Од сувото овошје, грозјето е најбогато со јаглени хидрати, па затоа не одржува сити меѓу оброците.

Пченицата има одлични хранливи својства и е еден од најдобрите извори на протеини.