Ова е облеката која ниту еден маж не сака да ја види на жена

Модата значително се промени во последниве години. Патиките ги заменија чевлите со високи потпетици, а се носат и со елегантни фустани, јакни, панталони; модерни се „оверсајз“ парчињата облека кои често изгледаат како да сме позајмиле туѓа облека.

Сепак, жените уживаат да експериментираат со малку поопуштена гардероба и се чини дека многу им се допаѓа трендот во кој можат да си дадат малку здив.

Во анкета на еден моден портал, мажите одговориле на прашањето каква облека не сакаат да гледаат на жените, а повеќето од нив се одлучиле за „машка облека“, односно костуми кои изгледаат како да сте ги позајмиле од момче или брат.

Особено не им се допаѓа ако ваквата модна креација ја зачините со вратоврска.

Руската манекенка Ирина Шајк, која е олицетворение на сексапил, често се одлучува за вакви модни ревии, но и таа не изгледа волшебно во својата широка гардероба.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното