Сезоната на пливање е веќе отпочната, а тоа што многумина го занемаруваат е токму храната која ја внесуваат пред влегувањето во вода.
Најважно правило е во вода да се влезе барем 30 минути после јадење.
Овие намирници не треба никако да ги конзумирате пред пливање.
- „Лутата“ храна
Таа е опасна затоа што телото најмногу е во хоризонталната положба додека пливаме, па може да дојде до појава на киселина, а зачинетата храна може уште повеќе да го влоши проблемот. Затоа не јадете луто, а истото важи и за јадење полно со зачини.
- Не е пожелно да се јаде ниту грав, грашок и слична храна.
Содржат многу влакна што е добро за здравјето, но создава надуеност, грчеви, што може да го расипе уживањето.
- Ограничување и на пијалоците
Газирани пијалоци, сокови полни со шеќер како и алохолот предизвикуваат грчеви, но и способност за брза реакција и процени (алкохолот). Енергетските пијалоци може да предизвикаат дијареја, мачнина а неретко доведуваат и до дехидрација.