Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити, првиот вицепремиер и министер за животна средина, со три гласа „за“ и 64 „против“.
Интерпелацијата беше поднесена од коалицијата „Европски фронт“.
Блерим Беџети ја образложи интерпелацијата, барајќи политичка одговорност и оставка од Меџити поради неспособноста да управува со ситуациите што довеле до влошување на меѓуетничките односи. Според него, причина за интерпелацијата се настаните на 28 ноември со палењето на државното знаме, одлуките на Владата за бришење на дијаспората и контроверзниот Закон за јазиците.