Поголем дел од корисниците на социјалната мрежа „Фејсбук“, не можеа да ги користат услугите, особено од персонални компјутери, откако најголемата друштвена мрежа доживеа пад. Исто така проблематичен беше и „Инстаграм“.
Во моментов и натаму трае проблемот со „Фејсбук“, а во следните неколку часа се очекува официјален став за да се обелодени проблемот кој настана денеска, со кој се случи падот.