Папата почина од мозочен удар и срцева слабост – објавена неговата последна желба

Папата Фрањо почина вчера на 89-годишна возраст. Тој почина еден месец откако беше отпуштен од болницата, каде што пет недели се лекуваше од инфекција која прерасна во билатерална пневмонија. Папата Франциско почина од мозочен удар и срцева слабост, соопшти Ватикан.

Мозочниот удар доведе до кома и неповратна срцева слабост, велат од Ватикан.

По смртта на папата, во Ватикан се случи седисвајца – посебен режим кој означува период без папа.

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Мајор во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште.

Во тестаментот објавен од Ватикан, Франциско јасно ја изразил својата желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински: Францискус.

Се уште не е познато кога ќе биде извршен погребот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното