Боки 13 остана речиси без желудник и е во ризична состојба по 4 часа операција

Повеќе од четири часа траела операцијата на Бојан Јовановски-Боки 13, а бил опериран од тим на специјалисти меѓу кои и хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов.

Хирургот за „Макфакс“ посочува дека операцијата била премногу комплицирана и ризична.

„Отстранет е речиси целиот желудник. Многу мал дел од желудникот е оставен. Отстрането е сè друго заедно со дванаесетпрсното црево. Направена е ризична операција, пациентот сега е во ризична состојба, не во животозагрозувачка. Очекуваме да немаме компликации. Закрепнувањето не се знае колку ќе трае. Компликациите се тешки и смртоносни, во тоа е проблемот. Затоа бараме мир по вакви ситуации. Многу тешка и комплицирана операција“, вели хирургот Јованов за „Макфакс“.

Тој додаде дека Боки 13 е во шок-соба, а неговото будење по анестезијата ќе биде бавно и тешко.

Според хирургот, ова е последица на несоодветното лекување што го имал Боки 13, а чиј правен тим постојано праќаше аларм дека ќе биде подложен на операција доколку не добие прекин на казната за здравствената состојба да му се третира во согласност со препораките.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното