Пејачот Ацо Пејовиќ деновиве настапи во Долината на среќата во Босна, а неговиот концерт во еден момент беше прекинат поради посебна причина.
Имено, на неговиот настап дојде девојчето Алмира, чиј живот пејачот го спасил пред 10 години давајќи пари за нејзиното лекување.
Пејовиќ не знаел што го чека кога водителот рекол дека има изненадување, а кога го слушнал името на девојката не можел да ги задржи солзите.