Пендаровски доставил порака за екстрадиција на Палевски до Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден доставил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган.

Пораката се однесува за екстрадиција на осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, Љупчо Палевски, но засега не се соопштуваат повеќе детали.

Оваа порака следува откако Пендаровски во едно интервју порача дека ќе се обрати до Ердоган за брза и ефикасна екстрадиција на Палевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното