„Мора да им дадеме на другите шанса да се соочат со вистината за нас. Јас сум Македонец и сега не може ние да се пишеме нешто друго. Не знам за која Европска унија“, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во гостување на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека преку црвените линии не може да преминиш, бидејќи така сам се погазуваш.
„И ќе повторам. Зошто воопшто преговаравме, и Заев кој што беше најнапреден во тој дел од сите нас, не потпиша договор со Бугарија. Не можеш да прегазиш преку некои линии“, додаде Пендаровски.