Бугарските власти соопштија дена почнуваат со програма со која на пензионерите ќе им бидат исплатени по 75 лева (38 евра) доколку се вакцинираат во следните месеци. Истата програма овозможува и исплата на таа сума за пензионерите кои се вакцинирани со три дози.
Оваа мерка нема да важи само за оние кои сега ќе се вакцинираат, туку и за сите кои досега се имунизрале. Што значи дека додатокот на пензиите ќе добијат сите лица над 65 години кои веќе го завршиле целосниот циклус на вакцинација, односно имаат добиено и бустер доза. Програмата ќе трае од 1 јануари до 1 јули. Петков смета дека со ова може да се зголеми бројот на вакцинирани за 300 илјади лица.
„Покренавме кампања за да ги отфрлиме сите митови за вакцините. Сепак, нивото на вакцинацијата кај нас е најниско во Европа“, рече Кирил Петков. Тој додаде дека активната информативна кампања ќе продолжи.
Претходно денеска, премиерот ја презеде улогата на новинар и направи повеќе од 40-минутно интервју со неговата советничка за Ковид-19, проф. Ратка Аргирова. Во него таа вели дека поради ниското ниво на вакцинација, Бугарија може да стане гето за Ковид-19, што ќе влијае на туризмот, економијата и можностите за патување.