Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес негираше дека Русија не е вмешана во техничкиот дефект што се случил за време на слетувањето на авионот во кој се наоѓала претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
„Вашите информации се неточни“, изјави Песков за новинарите, пренесува Газета.ру.
Фајненшл тајмс (FT) претходно денес објави дека наводен руски напад со попречување ги оневозможил услугите за GPS навигација на бугарски аеродром.
Песков негираше вмешаност на Русија во неуспешното слетување на авионот на Фон дер Лајен