Песков: Разговорите во Абу Даби за Украина ќе продолжат на 1 февруари

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека трилатералните мировни преговори на руската, американската и украинската делегација за прекин на конфликтот во Украина се закажани да продолжат во Абу Даби на 1 февруари.

„Преговорите се закажани за 1 февруари. Па, привремено, но сега работиме на тоа“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој рече дека јавната дискусија за деталите од мировниот договор само им штети на преговорите и дека руската делегација што учествува во преговорите редовно добива инструкции од рускиот претседател Владимир Путин.

„Во нашиот случај, ова се случува редовно“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали членовите на руската делегација на преговорите во Абу Даби веќе добиле инструкции од Путин.

Тој додаде дека Кремљ не разгледува документи за решавање на конфликтот во Украина и дека тоа мора да се прави зад затворени врати.