На 28 март 2025 година, околу 15 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани лишиле од слобода пет лица поради сомнение за поседување наркотични средства.
Приведените се:
- О.С. (18) од Куманово
- М.А. (54) од Кочани
- Е.М. (25) од Виница
- Џ.А. (34) од Виница
- С.М. (38) од Кочани
Лицата биле затекнати во патничко возило марка „Мерцедес“ со винички регистарски таблички, сопственост на еден од приведените – Џ.А.
При извршениот преглед, кај лицето С.М. биле пронајдени кафеава прашкаста материја и марихуана, по што била побарана и судска наредба за претрес во неговиот дом. Таму, полицијата пронашла дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.