За време на новогодишната ноќ уништено е основното училиште Ловр. Матачиќ во населбата Фолнеговиќ во Загреб.
Од фотографиите се гледа дека се скршени стаклата на влезната врата, неколку прозорци, како и скелето кое се уште е во училишниот двор бидејќи само што заврши реновирањето на холот и дворот. Остатоци од употребена пиротехника биле оставени пред училиштето, а фотографиите брзо се прошириле на социјалните мрежи, пренесува Дневник.хр.