Петтоодделенецот Дамјан Стефановски го фати светиот крст во Дебар

Празникот Богојавление – Водици во Дебар помина во знакот на најмладите. Во осветените води на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, седиштето на дебарската парохија, најмногу среќа имаше петтоодделенецот Дамјан Стефановски.

Дамјан, кој е ученик во деветтолетката „Пенестија“, беше најбрз меѓу своите врсници Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, кои исто така скокнаа по светиот крст.

„Бог се јави! Многу сум радосен и на сите им посакувам здравје и среќа“, изјави возбудениот Дамјан, кој не ја криеше радоста по извлекувањето на крстот.