Во новата сезона на „Вовед во анатомија“ новиот лик е актерот Питер Галагер, кој ќе го глуми Д-р Алан Хамилтон.
Во приказната се враќа и актерката Кејт Бартон, чијшто лик почина претходно.
Засега не е познато како раскажувачите ќе го изведат ова, но се знае дека тоа е во контекст на новиот лик на Галагер, кој меѓу другото, е и познаник на главниот лик Мередит Греј (Елен Помпео).
Новата, 18-та сезона од серијата ќе се прикажува од 30 септември оваа година.
Галагер, инаку, вчера го прослави 66-от роденден.