Пленарната седница во Собранието на Република Македонија денеска беше прекината и нејзино продолжение беше закажано за во петок точно на пладне.
Пратениците од редовите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од своите дискусии бидејќи како што велат нема за што повеќе да се дискутира. Се е кажано за договорот, велат од опозицијата.
Власта денеска од говорница продлжи да ги кажува позитивните работи од гласањет ЗА на договорот од Преспав. Пораките немаше кој да ги слушне бидејќи пратениците од опозицијата не беа во салата.
Околу 16 пратеници останаа на листата кои се пријавени за збор, но неофицијално дознаваме дека во петок може да бидат прескокнати говорите и веднаш да се премине на гласање.
Од досегашните излагања на пратениците на говорницата во Собранието не може да се дојде до заклучок дали веќе е обезбедено 2/3 мнозинство кое е неопходно за гласање на уставните промени.
Собранието веќе трет ден расправа по единствената точка на дневен тед, предлог измените кои како предлог ги достави Владата на Република Македонија, а со зелено светло поминаа на комисијата за уставни прашања.