Премиерот Андреј Пленковиќ најави дека Хрватска во знак на солидарност ќе испрати спасувачки тим од 40 луѓе.
„По повод катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и соседните земји, утрово се договоривме со министрите Давор Божиновиќ и Гордан Грлиќ-Радман Хрватска да испрати спасувачки тим од 40 луѓе во знак на солидарност“, објави Пленковиќ на Твитер.
Тлото во југоисточна Турција не престанува да се тресе. Во последните неколку часа областа беше погодена од два катастрофални земјотреси. Првиот беше со магнитуда 7,8, а вториот 7,5 степени според Рихтеровата скала. Над илјада луѓе загинаа во Турција и Сирија, а илјадници беа повредени. Се очекува бројката значително да порасне во наредните часови и денови.