Македонија

Плевнелиев: „Макрон греши, РСМ треба да почне преговори, и Бугарија беше жртва на таква политика“

Северна Македонија мора да ги почне преговорите со Европската Унија, а францускиот претседател Емануел Макрон не треба да го блокира тоа, смета поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев. Во изјава за БГНЕС, Плевнелиев вели дека ЕУ треба да донесе одлука за старт на пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија со што ќе го покаже својот кредибилитет и стабилизирачка улога на Балканот. Потсетува дека своевремено и Бугарија била жртва на таквата политика, од страна на Холандија.

Плевнелиев ја повика Франција да не подлегнува на внатрешно – политичките битки и да мисли на заедничкиот, а не само на сопствениот интерес.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни