По долго време на заедничка маса Али Ахмети и Муса Џафери

Блерим Беџети на својот Фејсбук профил објави фотографија на која може да се забележи дека е во друштво на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пратеникот Изет Меџити и поранешниот вицепремиер Муса Џафери.

Оваа фотографија Беџети ја потпиша „Заедно победници“, пренесува ТВ21.

Засега не е познато која е темата на средбата, но интересно е што по подолго време на заедничка маса можат да се видат Али Ахмети и Муса Џафери.

Останува да видиме во наредните денови која е пораката од оваа фотографија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното