Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе писмена оставка од функцијата в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство во Скопје, која денеска ќе биде разгледана од Советот на јавни обвинители.
Крстевска Цалева беше именувана на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски, по суспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи. Сепак, само една недела по назначувањето, таа одлучи да се повлече, наведувајќи недоволно искуство како причина.
Нејзиниот избор предизвика реакции, а Владата го оспори како незаконски. Паралелно, Коцевски поведе дисциплинска постапка против Хајрулахи за наводен мобинг, додека самиот Хајрулахи тврди дека е жртва на политички притисок. На негово место беше суспендиран и заменикот Јове Цветановски.