По катастрофалниот земјотрес уште една природна катастрофа, поплава во Турција

Најмалку десет лица загинаа во поројните поплави во провинциите Шанлиурфи и Адијаман во југоисточна Турција, објави денеска новинската агенција Анадолу.

Провинциите, каде живеат 2,7 милиони луѓе, беа погодени минатиот месец од катастрофален земјотрес во кој загинаа 48.000 луѓе, а милиони се раселени низ Турција.

Оттогаш, илјадници луѓе живеат во шатори и контејнери кои беа делумно поплавени.

Повеќе од 100 милиметри дожд паднаа за 24 часа

Пороите однесоа автомобили и шут, ги поплавија подрумите на куќите и зградите и ги претворија патиштата во реки, како што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи.

Спасувачите со чамци и нуркачи се обидуваат да стигнат до жртвите, соопшти агенцијата за вонредни состојби АФАД.

Во последните 24 часа наврнале повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното