По земјотресот: Нема мрежа во Битола, граѓаните излезени пред своите домови

Во моментов телефонската мрежа во Битола е во прекин, информираат жители на Битола.

Според нив, во моментов не е возможно да се воспостави телефонска комуникација, а нема ни интернет.

Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.

Нешто после 23 часот во Грција беше регистиран силен земјотес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер, а се почувствува низ цела Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.