Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ информираат дека, и покрај максималните напори на медицинските тимови, почина 17-годишниот пациент кој беше хоспитализиран со тешки изгореници и сериозни телесни повреди.
Пациентот беше примен преку Ургентниот центар во четвртокот попладне и веднаш беше третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија. Лекувањето се одвиваше во единицата за интензивна нега, со консултации од реномирани странски центри од соодветната област.
И покрај сите преземени медицински мерки, земајќи ги предвид резултатите од испитувањата, клиничките параметри и исклучително тешката здравствена состојба на пациентот, лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.
Настанот ја потврдува сложеноста и сериозноста на ваквите случаи, а медицинските тимови изразуваат жалење за исходот.