Почина човекот кого Израел се обиде да го убие повеќе пати

Јеменското движење Хути во четврток соопшти дека нивниот началник на Генералштабот, Мухамед Абд Ал-Карим ал-Гамари, еден од врвните воени функционери на групата поддржана од Иран, бил убиен „при вршење на должноста“.

Израел претходно се обидел да го убие.

Во соопштението не се наведува директно кој е одговорен за неговата смрт, но Хутите рекоа дека конфликтот со Израел „не е завршен“ и дека Израел ќе „добие одвраќачка казна за злосторствата што ги извршил“.

Хутите претходно испукаа ракети кон Израел, тврдејќи дека тоа биле акти на солидарност со Палестинците во Газа, од кои повеќето биле пресретнати. Израел возврати со напади врз областите во Јемен што ги држат Хутите, според Ројтерс.

„Тајмс оф Израел“ објави дека израелската војска, исто така, потврдила дека премиерот Ахмед Галеб ал-Рахви е убиен заедно со неколку воени функционери на Хутите и други високи членови на политичкото раководство на групата, иако нивните имиња не беа наведени.

Во соопштението се вели дека точниот исход од нападот и судбината на некои од целите сè уште не се утврдени.

Израел во петокот соопшти дека воздушниот напад бил насочен кон началникот на Генералштабот, министерот за одбрана и други високи функционери на групата поврзана со Иран, и дека исходот од операцијата во моментов се проверува.