Македонија

Почина докторката Билјана Ичева

Уште едно медицинско лице од Македонија ја изгуби битката со вирусот Ковид 19. На 61-годишна возраст денеска почина докторката Билјана Ичева. Ичева која беше вработена во Негорските минерални Бањи била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, но за жал не успеала да се избори со вирусот. Нејзиниот сопруг, д-р Божин Ичев, кој исто така е заразен сѐ уште се лекува на инфективната клиника во Скопје. 

Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Зад себе остави две деца. 

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни