Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки пишува скопје1.мк.
Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни.
Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.