Почина кардиологот Агим Зеќири.
Оваа вест ја објави министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Денес сум трогнат од загубата на еден мој многу близок пријател, кардиологот д-р Агим Зеќири. Во текот на целиот свој живот, тој се грижеше не само да ги излекува срцата на луѓето, туку и да им подари добрина и позитивност. Нека е лесна земјата, докторе Агим! Денес ни ги исполни срцата со тага“, напиша Таравари.