Почина Маја Вапцарова, внука на Никола Вапцаров!

Маја Вапцарова, истакната режисерка и поетеса, почина на 80-годишна возраст во Бугарија.

Вапцарова беше внука на познатиот поет Никола Вапцаров, кој, иако пишуваше на бугарски јазик, отворено се изјаснуваше како Македонец. Неговиот брат Борис, татко на Маја, потекнуваше од семејство со револуционерна традиција – нивниот татко, Јонко Вапцаров, учествувал во Илинденското востание и борбите за ослободување на Македонија.

Како режисерка, Вапцарова дипломираше филмска режија во Будимпешта во 1969 година, а подоцна стана член на Советот за електронски медиуми во Бугарија. Нејзината кариера беше обележана со значајни уметнички остварувања и ангажман во медиумската сфера.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното