Почина Сашо Србиновски, прв селектор на македонската репрезентација во ракомет на плажа

Ракометната федерација на Македонија објави дека ракометот остана без уште еден свој вреден работник.

Според нив, вчера ненадејно, на 61-годишна возраст почина Сашо Србиновски.

Тој ќе остане запаметен како првиот селектор на македонската репрезентацијата во ракомет на плажа.

Се работи за некогашен ракометар на РК Струга, а подоцна и тренер на истиот клуб, човек кој даде значаен придонес во успешната организација на Струшкиот ракометен турнир.