Директорката на директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова во првична изјава за медиумите по трагедијата која се случила ноќеска во ноќниот клуб вели дека првиот повик го добила во 2:48 часот, и болницата била веднаш мобилизирана.
„Првиот повик беше во 2:48 часот. Се мобилизираше цела болница, и почнаа да ги носат првите пациенти. Бидејќи имавме помал број на возила, се обратив на сите директори на сите градови од источна Македонија, но и од Скопје и од Велес.
Тие што беа потешко, беа пренесени во болницата во Штип, а тие уште потешко во Скопје. Станува збор за околу 70 пациенти кои беа прегледани.“, рече Серафимова.
Таа кажа дека жртвите се од 14 до 24 години.
„Во моментот во Кочани има 20 пациенти со полесни повреди, а сите други над 50 се пренесени во клиниките во земјава. Починати лица се многу, но точна бројка не може да се каже додека не заврши идентификацијата. Дел од починатите имаа лични карти, а други немаа. Жртвите се од 14 години до 24-25 години. За повредените кај нас е од 18-23 години“, изјави Серафимова.