Почина уште едно лице од повредените во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
Се работи за повредениот 29-годишниот Александар Гавриловски од Пробиштип, кој беше еден од критичните пациенти сместени во болница во Литванија.
„Жална вест, сакам да информирам дека денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто се лекуваше во Литванија, 29-годишен којшто беше во критична состојба уште од почетокот. Беше упатен од Градска болница на 17-ти март. Неговата состојба беше тешка, а од 4 април се влошуваше уште повеќе, додека од вчера беше на дијализа“, изјави Арбен Таравари.
Посочи дека Гавриловски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.
„Александар Гавриловски имаше 35 посто изгореници од трет степен, изгореници во дишните патишта и беше еден од потешките пациенти. Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме да бидат подобри“, рече Таравари.