Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 27 и 28 октомври стрелките на часовникот можеби за полседен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.
Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод.
Над 80% од анкетираните граѓани на земјите на ЕУ се согласиле да не се менува времето два пати годишно, односно во последниот викенд од октомври и последниот викенд во март.
Европската комисија неодамна ја донесе одлуката за промена на стрелките на часовникот според која последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките кои сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.
Причина за покренување на иницијативата во европските земји, а укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти или 4,6 милиони европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот.
За укинување на летното време веќе се изјаснети Литванија, Естонија, Летонија и Финска.
Промената на времето во западна Европа е воведено во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемена продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.
Преминот од летно во зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а до сега е воведено во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.
Во Македонија зимското и летното сметање на времето е воведено во 1996 година.


