Подгответе се за нестабилно време – ни доаѓа пороен дожд, грмежи, но и град!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Можно е да е слика од текст кој вели „AeH AeH 4eTBpToK (24.04) neToK (25.04) (25. Bpeme Ca6oTa (26. (26.04) BeTep HeAeлa (27 (27.04) 04) noHeAeлHиK (28.04) (28 04) MиH.Tem. (℃) 8Ao 12 6 AO 12 MaK.Tem. Tem. (℃) 18 Ao 25 5 Ao 11 17 Ao 25 5Ao 10 16 Ao 23 5Ao 11 15 Ao 22 16 Ao 23“

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното