Погребан Шабан Шаулиќ, стотици фанови пред гробиштата – илјдници го следеа во живо

Погребот на Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика, се одржа денеска во 15 часот во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.

Голем број на фанови денеска пристигнаа на грабоиштата за да му оддадат последна почит на Шаулиќ.

Шабан беше погребан со неговиот најголем легендар хит “Не плачи душо”, песна која ја објави во далечната 1984 година, а ја посвети на својата сопруга Гордана, со која беше во брак 43 години и со која има три деца.

Семејството во ковчегот на Шабан му го стави неговиот омилен качкет, без кој неможеше ни еден ден, малку пари, но и омилениот стап за ловење на риби.

Извор: ТВ21