Од овој викенд следува поладен период со температури под просекот за месец мај, како резултат на продор на студен воздух од север и североисток. Според метеоролозите, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во попладневните часови се очекува развој на локална нестабилност – со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И Скопскиот регион нема да биде исклучок – се најавуваат услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во попладневните часови.
Утрото ќе биде свежо – на повеќе места температурите ќе се спуштаат под 10°C, а на повисоките места и планините и под 5°C. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 15 и 22 степени.
Граѓаните се советуваат да ги планираат викенд активностите во согласност со временските услови.